Војводата и војвотката од Сасекс објавија дека го чекаат своето прво дете. Бебето на свет ќе дојде следната пролет, а поранешната актерка Меган Маркл за неа (потенцијално) веќе има подготвено подарок.
Имено, во едно интервју од 2015-та година, поранешната ѕвезда на серијата „Suits”, рече дека купила безвременско парче за својата идна ќерка.
Се работи за часовникот „Cartier Tank Française“ кој Меган го купи кога дозна дека ќе се снима и третата сезона на популарната серија.
Станува збор за прекрасен часовник кој чини околу 5000 фунти.
Меган дополнително покажа колку е сентиментална, раскажувајќи дека на часовникот изгравирала „Од М. М. за М. М.”, со план еден ден да го подари часовникот на својата ќерка.
Изравираниот дел веројатно значи „од Меган Маркл за Меган Маркл”, а веќе се размислува за тоа дека натписот може да има влијание и на името што ќе му дадат на своето бебе.
Меган и Хари моментално се на турнеја во Австралија, каде го добија првиот подарок за бебенцето- мало кенгурче и преслатки чизмички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст