Детската клиника е преполна со болни дечиња, а градинките се празни. Лекарите велат се работи за вируси, но и бактериски инфекции, а зголемениот број на пациенти е поради топлото време, слабиот имунитет и недоволниот капацитет на другите болници кои ги згрижуваат најмалите пациенти.
Според лекарите, не сите примени пациенти треба секогаш болнички да се лекуваат.
Околу дваесет проценти од заболените со вирусни инфекции завршуваат со компликации и бараат болничко лекување, што според нив е вообичаена бројка во ек на вирози и вируси.
Дополнително според педијатрите бројот на пациенти е зголемен поради грижата и стравот на родителите кои бараат дополнителен преглед во болница.
(извор – Скопјеинфо.мк)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст