Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Лицата се осомничени дека на 7 октомври извршиле грубо насилство во угостителски објект во населбата Драчево, при што тешко телесно повредиле две лица и со тоа во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.
Откако критичната вечер осомничените дошле како гости во локалот, најпрвин започнале вербална расправија со оштетените, која потоа прераснала во тепачка. Еден од осомничените со остар предмет им нанел тешки телесни повреди во вид на убодни рани на двајцата оштетени.
Се случил ли во Драчево нов случај ,,Саздо” и ,,Мартин Нешковски”?
– Законското битие на наведеното кривично дело упатува на тоа дека сторителите друг малтретираат, грубо навредуваат и му ја загрозуваат сигурноста или врз него вршат грубо насилство, а со тоа во јавноста предизвикуваат чувство на несигурност, загрозување или страв. За ова кривично дело извршено во група од две или повеќе лица или кога станува збор за насилство извршено врз повеќе граѓани, а квалификаторен елемент е и доколку како последица е нанесена тешка телесна повреда или смрт на некое лице, е предвидена затворска казна од три до десет години, се наведува во соопштението на ОЈО.
Во конкретниот случај, во текот на предистражната постапка, врз основа на обезбедените докази, е утврдено постоење на основано сомнение за наведеното кривично дело, па од тие причини обвинителството ја отвори истражната постапка за тоа кривично дело.
Во текот на истрагата ќе бидат испитани осомничените, оштетените, како и повеќе сведоци. Исто така, во текот на истрагата ќе се прибави и судско-медицинско вештачење за видот и карактерот на повредите кај оштетените.
Врз основа на сите тие обезбедени докази, надлежниот јавен обвинител ќе одлучи за натамошниот тек на постапката, во смисла на правилно утврдена фактичка состојба и правилна примена на Кривичниот законик.
ОЈО – Скопје до судија на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, но од судијата предлогот не беше прифатен и со решение на едното осомничено лице му беше изречена мерка куќен притвор, а на другото мерки на претпазливост. Против овие решенија ОЈО поднесе жалби до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, а одлуките по тие жалби се уште не се пристигнати во Обвинителството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст