| четврток, 6 декември 2018 |

Нурмагмедов на прием кај Путин: Честитки за победата, му реков на татко ти да не те тепа (видео)

Рускиот претседател, Владимир Путин, по победата над Конор Мекгрегор, го угости шампионот во УФЦ, Хабиб Нурмагмедов. Борецот по борбата изјави дека рускиот претседател веднаш му се јавил и му рекол дека е горд на него.

– Горд сум. Мекгрегор се сликаше со Путин, но мене Путин ми се јави и ми рече дека е горд на мене, рече рускиот борец по борбата со Ирецот.

Претседателот на Русија му честиташе на Нурмагомедов за титулата и во пријатна атмосфера разговараа за борбата. На приемот учествуваше и таткото на Хабиб.

Претседателот Путин и се пошегувал на сметка на Хабиб и прокоментирал дека му рекол на татко му да не го тепа дома поради хаосот кој настана откако Нурмагмедов скокна надвор од рингот и се обиде да се пресмета со навивачи.

– Ти честитам, ја постигна својата цел, му реков на татко ти да не те тепа, на шега рекол Путин.

Нурмагомедов пак му возвратил дека му е жал што изгубил контрола, но додал и дека слушнал како го навредуваат неговиот татко и неговата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top