| четврток, 6 декември 2018 |

Завршил во притвор: Викнал полиција заради семејно насилство, па го нападнал полицаецот

Вчера околу 19 часот во Ропотово, крушевско, полициски службеник физички бил нападнат од Г.Т. (36) од село Ропотово, општина Долнени.

Полицискиот службеник отишол во домот на Г.Т. по негова пријава за семејно насилство извршено од неговиот татко и неговата сопруга. Но, кога влегол во дворот, Г.Т. физички го нападнал.

Г.Т. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top