| четврток, 6 декември 2018 |

Авион се урна во топла луѓе, загинаа три лица во Германија

Тројца загинати и повеќемина повредени е епилогот во авионската несреќа која што се случи во Германија. Авионот од типот ,,Цесна” се урнал врз насобрана толпа луѓе во западната германска покраина Хесен, информираше полицијата.

Несреќата се случила околу 15.45 часот покрај градот Фулде. Локалните медиуми известуваат дека пилотот изгубил контрола на леталото додека се обидувал да слета во Васеркупе. Во моментот кога се обидел повторно да се крене во воздух сите забележале дека нешто не е во ред со авионот.

Цесната место да се подигне, ја пробила препреката и завршила во насобраната толпа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top