| четврток, 6 декември 2018 |

Прв пораз на Вардар во Лига на шампиони

Црвено-црните го изгубија вечерашниот меч во Лигата на шампионите во рамките од петтото коло на гостувањето против Кјелце. Првиот пораз на Вардар доаѓа со резултат од 31-27.

Полјаците го контролираа резултатот во текот на сите 60 минути и иако Вардар неколку пати се враќаше, екипата немаше сили за целосен камбек. Вардар го одигра најлошиот натпревар сезонава, особено во одбраната, прими 31 гол и на крајот поразот беше неизбежен.

По пет одиграни кола во групата А, Вардар има осум бода колку што имаат и Барселона и Кјелце, шпанскиот шампион има најдобра гол разлика.
Следниот натпревар Вардар го игра дури на 3. ноември кога во салата „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на Мешков Брест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top