| четврток, 6 декември 2018 |

Грчки медиуми: Филмска драма во Скопје – се ќе биде појасно во вторник

Грците очекуваат филмска драма следниве денови во македонското собранието. Во бомбастични наслови од типот промена на уставот или предвремени избори, грчките медими, заклучуваат дека ситуацијата е конфузна и збунувачка и дека никој не знае дали премиерот Заев успеал да обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени, објави Сител. Коментираат дека следните два дена ќе се одржи првото критично гласање во парламентот, по што многу работи ќе станат појасни.

Но ситуацијата не е јасна ниту во Атина. Прототема пишува дека за утре е закажана средба Ципрас и Каменос, прва по враќањето на министерот за одбрана од Вашингтон каде тој го објави фамозниот план Б кој, според него, би можел да го замени догворот од Преспа.

На вчерашниот централен комитет на владеачката Сириза , излетот на Каменос беше остро критикуван. Премиерот Ципрас порача дека преспанскиот договор нема алтернатива и дека владата ќе продолжи по тој курс, па, ако мора, дури и без коалициониот партнер, партијата независни Грци. На состанокот се покрена и прашањето на соработка со анел на наредните избори доколку продолжи нивното несогласување со догворт од Преспа. Од Сириза му забележуваат на Каменос и тоа што на американскиот колега Матис му предложил изградба на нови воени бази во грција и нови Баклански сојузи.

Медиумите сега се во очекување на одговорит на Каменос, кој најави дека ќе разјасни се на утрешното интервју за грчката државна телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top