Да се надеваме дека е лажна вест, како и да е Македонија е ужасно место, полно ужасни луѓе – напиша поранешниот функционер во СДСМ, Ивор Мицковски, објавувајќи фотографија од експремиерот Владо Бучковски како се поздравува со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.
Ваквата реакција на Мицкоски доаѓа откако претходно некои медиуми најавија дека поранешниот премиер и претседател на СДСМ, наводно бил на неформалниот список на МНР Никола Димитров за идни амбасадори на РМ и тоа за местото амбасадор во Соединетите Американски Држави.
Бучковски, кој е познат и по аферата „Маѓар Телеком“ и „Тенковски делови“, беше исклучен од СДСМ во 2012-та, но во последно време односите се затоплуваат. Против Бучковски беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената должност и нанесени 3 милиони евра штета во касата на министерството за одбрана, извршени 2001 година кога тој беше министер. Со пресуда донесена на 9 декември 2008 година тој е осиден на 3.5 години затворска казна која никогаш не ја одлежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст