| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е најголем црковен женски празник: Овој ден е посебно важен за оние кои сакаат потомство!

Денеска е Покров на Пресвета Богородица.
Настанот што го слави Црквата денес се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград. Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите.
Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: “Ја гледаш ли, брате, царицата и господарката над се, како се моли за целиот свет?” Во чест на тоа јавување и се востанови овој празник. Но, овој празник е само потврда или симбол на славењето на Пресвета Богородица, како заштитничка на целиот православен народ, бидејќи нејзиното заштитништво се покажало многупати и пред овој настан. Тој е потврда, пред се, за нејзиното молитвено застапништво за нас луѓето пред престолот на Троичниот Бог.

Овој празник се смета за женски празник. Посебно е посветен на родилките и мајките. Поради тоа, сите припаднички на понежниот пол би требало да бидат посебно внимателни и да не работат никакви потешки физички работи.

Обичаите налагаат жените на овој ден да се посветат на почитување на Богородица, а секоја девојка би требало да се помоли на оваа светица како еден ден би забременила и би израснала деца во здравје и среќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top