| четврток, 6 декември 2018 |

Рене Паурич: Македонија е една класа подобро, останатите ќе се бориме за второто место

Македонската фудбалска репрезентација забележа уште една победа во Лигата на нациите, откако денеска на домашен терен во Скопје го совлада Лихтенштајн со убедливи 4:1.

Селекторот на гостите, Рене Паурич, ја честиташе победата на Македонија, истакнувајќи го и квалитетот на нашите фудбалери. Тој посочи дека тие не го пронале нивниот ритам. Според него Македонија е една класа подобра од сите. Останатите ќе се борат за второто место во групата.

„Македонија одигра одличен натпревар и игра на повисоко ниво од претходно, се забележува напредок во нивната игра. Ние се обидувавме да одиграме нешто, но Македонија не ни дозволи, не успеавме да наметнеме наш ритам во мечот, иако во еден дел од натпреварот Македонија значително го намали темпото на игра. Честитки за Македонија за прикажаното“, изјави австрискиот стручњак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top