| четврток, 6 декември 2018 |

Како и пред 25 години – на 13 октомври Македонија победи со 4:1

Македонија вечерва го совлада Лихтенштајн остварувајќи победа од 4:1. Нашиот состав доминираше на домашен терен во третиот натпревар од Лига на Нациите. Натпреварот го отвори Александар Трајковски, постигнувајќи гол во 10. минута, со асистенција на Горан Пандев.

По 10 минути игра, Македонија поведе против Лихтенштајн (видео)

После погодокот нашата селекција продолжи со сигурната игра и создавањето шанси пред противничкиот гол.

Македонија води против Лихтенштајн со 2:0 (видео)

За нов погодок се чекаше до 30-тата минута кога повторно во главна улога беше тандемот Пандев – Трајковски. Капитенот повторно беше асистент, а Трајковски стигна до вториот погодок. Само шест минути подоцна Пандев и самиот се запиша во листата стрелци.

Видео од голот на Пандев со кој Македониjа поведе со 3:0

Единствениот погодок гостите го постигнаа една минута подоцна кога грешката на Муслиу ја искористи Јилдиз за намалување на 3:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел одново гледавме сигурна игра, а точка на натпреварот стави Егизијан Алиоски во 68-тата минута со одличниот соло продор.

Македонија води со 4:1 против Лихтенштајн (видео)

После оваа победа Македонија се зацврстува на првата позиција со девет освоени бодови и во следните три натпревари потребни ни се уште четири бодови за пласман во плејофот од Лигата на Нации.

Она што го прави уште поинтересен резултатот е историјата… Пред точно 25 години фудбалската репрезентација на Македонија го имаше својот прв натпревар. На 13. октомври 1993 година Македонија на гостински терен, во Крањ ја победи Словенија со 4-1.

Публиката на „Филип Втори“ ги поздрави јунаците од Крањ – 25 години од првиот натпревар на нашата репрезентација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top