| четврток, 6 декември 2018 |

Публиката на „Филип Втори“ ги поздрави јунаците од Крањ – 25 години од првиот натпревар на нашата репрезентација

Македонскиот фудбал денеска слави голем јубилеј, 25 години од првиот натпревар на нашата репрезентација. На 13. октомври 1993 година Македонија на гостински терен, во Крањ ја победи Словенија со 4-1.

Фудбалерите кои настапија на тој натпревар, селекторот Андон Дончевски и останатите од стручниот штаб, заедно со новинарите кои беа на историскиот меч во Крањ, вечерва продефилираа на арената „Филип Втори“, беа поздравени од публиката и добија плакети.

На тој натпревар Македонија играше во состав: Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Зоран Јованоски, Драган Канатларовски, Чедомир Јаневски, Илија Најдоски, Зоран Бошковски, Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски, Тони Мицевски. Во игра влегоа и: Неџмедин Мемеди, Ванчо Мицевски, Горан Георгиевски и Сашо Милошевски. Селектор: Андон Дончевски.

Првиот гол го даде Зоран Бошковски, стрелци беа уште и Дарко Панчев, Драган Канатларовски и Чеде Јаневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top