| четврток, 6 декември 2018 |

Посинокот на Брена ќе мора да почека: Ништо од селењето во Америка

Посинокот на Лепа Брена, Филип Живоиновиќ, и српската пејачка Александра Привоиќ засега ќе го одложат селењето во Америка. Пред три месеци, двојката жестоко се скара пред неколку луѓе, а причината беше изборот на местото на живеење. Филип сакал да се преселат во САД, додека Александра, која сега е во петтиот месец од бременоста, сакала да остане во Србија.

Филип настојувал тој и неговата сопруга да го продолжат животот подалеку од семејниот дом, а минатиот месец Брена им ја подари својата стара вила во Мајами.

Како што пренесуваат српските медиуми, се било подготвено двојката уште да ги спакува куферите и да го фати следниот лет за Мајами. Веќе имале пронајдено лекари кој ќе ја следат бременоста на Александра и ќе водат грижа за неа, подготвувајќи ја за пораѓањето. Меѓутоа, на последната контрола кај матичниот лекар во приватна белградска болница, идната мајка добила препорака да остане во Србија до крајот на бременоста.

Александра била среќна што уште неколку месеци ќе помине со своето семејство.

̶ Набрзо сфати дека оваа одлука има свои добри страни, односно дека ќе може да биде со родителите и членовите на семејството цело време. Тие ќе можат секогаш да и помогнат кога ќе и затреба нешто и ќе се грижат за неа, пренесува изворот, кој додал дека Александра не зборува многу за бременоста бидејќи како што вели, не е единствена трудница и со тоа не треба да ја вознемирува јавноста.

Александра се венча со Филип во црквата Свети Василиј Острошки во Белград на крајот од месец јуни, а набрзо потоа дозна дека е бремена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top