| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во одлична форма, води со 3:1 против Лихтенштајн

Македонија води со 3:1 во мечот против Лихтенштајн, по 37. минути игра. Откако Александар Трајковски двапати ја погоди мрежата на противникот, капитенот Горан Пандев беше стрелец на третиот гол во 36. минута од натпреварот. Тој погоди по неуспешниот обид на Енис Барди да погоди од слободен удар.

Видео од голот на Пандев со кој Македониjа поведе со 3:0

По една минута противникот успеа конечно да ја погоди мрежата на македонската репрезентација. Не требаше да помине многу време за напите фудбалери повторно да постигнат гол, но тој беше поништен поради прекршок.

Натпреварот се игра во рамките на Лига на нациите, а домаќин е Македонија.

Македонија води против Лихтенштајн со 2:0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top