| четврток, 6 декември 2018 |

Модриќ се поблиску до заминување од Реал, „кралевите“ имаат фаворит за негова замена

Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид. Тој си сосвои наградите на УЕФА и на ФИФА за најдобар фудбалер за изминатата година, но оваа и не е главен адут на новиот тренер на „кралевите“, Хулен Лопетеги. Токму поради ова, а и поради желбата да си замине што ја потенцираше во летниот преоден рок, Реал Мадрид ќе му дозволи на Модриќ да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Останува Флорентино Перез и Хулен Лопетеги во продолжение од сезоната да одлучат дали Хрватот ќе може да замине во јануари, или пак по завршувањето на оваа натпреварувачка година. Како најсериозен кандидат за наследник на Лука Модриќ во средниот ред на Реал Мадрид се споменува Кристијан Ериксен, данскиот репрезентативец од англискиот премиерлигаш Тотенхем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top