| четврток, 6 декември 2018 |

Пјатек на мета на Наполи, Џенова не размислува за продавање

Полскиот интернационалец, Кжиштоф Пјатек е новото чудо во Серија А. Тој е соиграч на Горан Пандев во Џенова, и постигна најмалку по еден гол на секој натпревар што го одигра оваа сезона. За него веќе се интересираат најголемите европски клубови, а прва конкретна понуда пристигнала од Наполи.

По одличните игри на стартот од сезоната, претседателот на клубот од Неапол, Аурелио де Лаурентис, испратил понуда од 50 мил. евра за Пјатек да го доведе на „Сан Паоло“ во јануари, но и тоа не е задоволително за Џенова.

За Пјатек се интересираат и Борусија Дортмунд, Баерн Минхен, Интер, Јувентус и Вест хем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top