| четврток, 6 декември 2018 |

Османи: Јавно барав да биде отворен случајот на СЈО, очекувам да бидам повикан во предистражната постапка

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи денеска одржа прес-конференција на која исткана дека денеска ги доставил сите потребни документи во врска со истрагата која СЈО ја покрена и во која тој се јавува како осомничен во истрагата со кодно име Пациент.

– Откако почна истрагата на СЈО, сите покажуваат интерес за овој случај. Сакам да повторам дека шпекулациите за овој случај ги имаше и порано и беа насочени директно да ја оцрнат мојата кариера, јавно барав во повеќе наврати СЈО да отвори истрага и да го расчисти случајот зошто сум чесен во моите постапки. Очекувам да бидам повикан и во предистражната постапка. Истрагата е отворена и изминатите денови собрав документација преку која се расчистува ситуацијата и се гледа дека нема индсции на некакво незаконско работење и дека одлуките се однесени законски и во интерес на граѓаните. Целата документација ја предадов во СЈО и во наредните денови ќе бидат доставени и сите други документи. Што се однесува до мене, овој случај е расчистен и од СЈО добив уверение дека овие документи се пресвртница во случајот.

– Да порачам дека улогата на СЈО е од исклучителна важност и останувам на овие принципи и мојата поддршка за она институција останува непроменета и уште повеќе верувам во нивната неутралност. Секогаш сум работел според законот и во интерес на граѓаните, потенцираше Османи.

СЈО заедно со уште 14 лица кривично го гони Османи дека како екс министер за здравство од 2010, наместо да одбие, одобрил предлог на Комиисија за јавни набавки која пак спровела фаворизиран тендер за бугарска фирма која била избрана да реконструира неколку болници низ земјава. Слични понуди одобрувал и во уште неколку други случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top