| четврток, 6 декември 2018 |

Полицајците го нашле во ТЦ „Лептокарија“: 13-годишно момче вчера завршило во полиција

Вчера околу 16 часот во Полициската станица Карпош, полициски службеници донеле 13-годишно момче, кое било пронајдено во Трговскиот центар Лептокарија.

Момчето изјавило дека физички нападнало други деца, кои пак го изгребале односно му нанеле повреди со стакло. За настанот бил известен Јавен обвинител, а во полициската станица била повикана и мајката на момчето, на која и било предадено детето.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top