| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија на патот Кавала-Солун: 11 лица изгореа живи во сообраќајка (фото)

На регионалниот пат меѓу грчките градови Кавала и Солун, во сообраќајна несреќа рано утрово животот го загубија 11 лица откако комбето во кое што се превезувале се судрило со камион, а двете возила се запалиле.

Според грчките медиуми, 11-те лица кои изгореле живи биле бегалци и мигранти. Поради тоа што телата биле јагленосани, идентификација ќе оди преку судска медицина и ДНК примероци.

 	Грција-2

Како што јави дописничката на МИА од Атина, причините за несреќата за сега се непознати, возачот на комбето кое се движело накај Солун, најверојатно поради големата брзина изгубил контрола и се судрил со камионот што доаѓал од спротивна насока. Ударот бил силен и се запалиле и двете возила.

Возачот на камионот во последен момент успеал да го напушти камионот и да се спаси.

Во јуни годинава, за помалку од еден месец, на речиси истиот пат, во две различни сообраќајќи, како што тогаш објави МИА, животот го загубија девет лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top