| четврток, 6 декември 2018 |

Спасени повеќе од 350 мигранти кај Шпанија

Тројца мигранти се удавија, а 354 се спасени со девет чамци од води близу Шпанија, соопшти спасувачката служба.

Шпанската крајбрежна стража извлекла од морето три безживотни тела, додека останатите мигранти ги спасила во Алборанското Море на запад во Медитеранот откако чамците со мигранти ги забележал спасувачки авион. Засега не е позната националноста на мигрантите.

Од почетокот на годината во Шпанија е значително зголемен бројот на мигранти, и до крајот на септември се регистрирани повеќе од 35.000 кои влегле по морски пат. Тоа е трипати повеќе од истиот период минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top