| четврток, 6 декември 2018 |

Насри во јануари се враќа во Премиер лигата?

Поранешниот француски репрезентативец, Самир Насри, би можел наскоро да се прати во Премиер лигата. Медиумите на Островот пишуваат дека менаџерот на Евертон, Марко Силва го контактирал Насри кој е слободен играч.

Суспензијата што му ја одреди УЕФА истекува во јануари наредната година и според англисиките медиуми тој би можел да стане нов играч на Евертон. Тренерот на „карамелите“, Марко Силва, очигледно верува дека овој 31-годишен фудбалер се уште поседува доволно квалитет за да може да игра во Премиер лигата.

Насри во минатото важеше за еден од најталентираните француски играчи, а во кариерата играше за Олимпик Марсеј, Арсенал, Манчестер сити и Севилја. Неговата кариера оди по надолна линија во последните три-четири години, а на тоа придонесе и допинг скандалот и суспензијата што тој ја доби од УЕФА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top