| четврток, 6 декември 2018 |

Германец го облече дресот на Вардар -ново засилување за македонскиот ракометен клуб

Ракометарите на Вардар го добија седмото засилување. Нов член на европскиот првак од 2017 година е Кристијан Дисингер. Има 26 години, игра на позицијата лев бек, висок е 202 сантиметра, член е на ростерот и на германската репрезентација и со „црвено-црните“ потпиша договор за наредните две сезони.

Дисингер му пристапи на Вардар, откако пред неколку денови ја раскина соработката со Кил што траеше од 2015 година. Со бундеслигашот има титула во германскиот куп, со националниот тим, пак, стана европски шампион на првенството во Полска во 2016 година, истата година освои и бронза на летните олимписки игри во Рио де Жанеиро, а во 2011 година и злато на младинскиот мундијал во Грција.

Освен за Кил, Дисингер го носеше дресот и на екипите на Фризинхајм (2008 година-2011 година), на Кадетен Шафхаузен (2011 година-2013 година), на Нептуно/Атлетико Мадрид (2013 година) и на Либек (2014 година-2015 година).

За репрезентацијата на Германија дебитира во 2013 година и оттогаш одигра 19 меча во кои постигна вкупно 42 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top