| четврток, 6 декември 2018 |

Сончево и топло, од утре наоблачување и постудени утра

Времето во Македонија ќе биде сончево, попладне во источните делови ќе има појава на мала до умерена облачност. Ќе дува со слаб североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, а дневната од 20 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб североисточен ветер. Температурата ќе се движи од шест до 24 степени.

Од петок на повеќе места во земјава ќе има умерено наоблачување. И во наредните денови утрата ќе бидат малку постудени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top