| четврток, 6 декември 2018 |

Ги ставаат во шкафче „да ги јадат бубачките“: Нов скандал во скопска градинка

По скандалот во гевгелиската градинка, каде воспитувачка грубо и непристојно се однесува кон децата, нов случај ја тресе Македонија.

Кучко, краво – негователка во гевгелиска градинка го смирува расплаканото дете (видео)

Во градинката „Буба Мара“, главното седиште во Ново Лисиче, две негователки грубо се однесувале кон деца, и истите биле заворани во шкафче да ги јадат бубачките.

Ова за „Фокус“ го раскажува мајката Маја Ѓеорѓиева, чија три и пол годишна ќерка била запишана во градинката.

  • Тоа што се случува во градинката е навистина страшно. Пред извесно време, мојата ќерка била удрена со боичка по главата. Останатите кои биле темпераментни, биле затворани во шкафче, да ги јадат бубачките – раскажува Маја.

Нејзината ќерка три седмици оди во градинка, но како што вели, девојчето е исплашено поради односот на негователките и учителките.

  • Во една ситуација, мојата ќерка била тепана од негователките, поради тоа што спуштила креветче и при тоа, устата и ја затвориле за да не се слуша кај што плаче. Минатата среда беше толку истрауматизирана, што во раце ми спиеше –  додава Ѓеорѓиева.

Маја испратила и писмо до Министерството за труд и социјална политика и општина Аеродром.

Од градинката испратиле одговор дека се преземаат соодветни дисциплински мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top