| четврток, 6 декември 2018 |

Мерцедесот не се продаде, амбулантни возила нема!

Претседателот на словенечкиот парламент Дејан Жидан при неговата посета на Македонија се возеше со мерцедесот вреден 600 илјади евра набавен од страна на претходната влада за која експремиерот и бивш лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е осуден на затворска казна.

Владата го вози претседателот на словенечкиот парламент во „Мерцедесот“ за кој Груевски беше осуден на 2 години затвор

Високите странски гости како, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, и германската канцеларка Ангела Меркел исто така се возеа во „мерцедесот“ набавен од страна на претходната влада.

Иако табличките на мерцедесот се променети СК-2936-АЦ во СК-4047-АП, сепак се работи за истото возило „мерцедес ЕС 600 Гард“, бидејќи тоа е единственото возило во земјата кое ги задоволува високите стандарди за безбедност на гостите од висок ранг. Очигледно дека возилото е во одлична состојба и не е уништено и гребено од мачки, како што тврдеа премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, штом сега се користи за делегацијата предводена од канцеларката Ангела Меркел.

Јавноста е сведок дека возило се користи за намената за која е купено, односно со него да се превезуваат делегации на странски земји и странски високи функционери, како и за други намени кога тоа го пропишуваат строгите протоколарни и безбедносни стандарди.

Безбедноста на Меркел загарантирана во мерцедесот за кој Груевски е под политички прогон (ФОТО)

Столтенберг се вози во „мерцедесот“ за кој му се суди на Груевски (ФОТО)


Ова е доказ дека предизборното ветување на Заев дека „тенкот на Груевски“ ќе го продаде и со парите ќе купи амбулантни возила за болниците во Македонија, е една од многуте негови предизборни лаги.

Ќе го вратиме тенкот, Мерцедесот на Груевски од 600.000 евра и со парите од неговата сегашна вредност ќе набавиме амбулантни возила за клиниките во Македонија. Нека биде ова симбол на новото време во кое ставаме крај на расипничкото трошење и воведуваме социјални политики, согласно потребите на граѓаните, ќе рече Заев на еден од партиските митинзи во предизборието.

Мерцедесот не се продаде, се сервисираше за 30.000 евра, амбулантни возила нема.

Наместо за „болни Тамари“ Заев ќе го користи мерцедесот за странци: Не ни требаат реформи, мерцедесот ќе нѐ внесе во ЕУ и НАТО (ВИДЕО)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top