| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на „Камерно дуо“ во КИЦ на Република Македонија во Софија

Концертот на „Камерно дуо“, составено од музичарите Арјана Куриу Груби (пијано) и Блерим Груби (виола), ќе се одржи во КИЦ на Република Македонија во Софија на 9 октомври 2018 од 18:30 часот.

Арјана Куриу-Груби е родена во Тетово 1971 год. Дипломирала во приштинската Музичката академија, во 1994 година, во класата на проф. Лејла Пула-Хаѓиу. Во 2011 година, во Скопје, ги завршила последипломските студии во класата на проф. Тодор Светиев. Од 1994 година е редовен професор на Факултетот на уметности, отсек „Музика“ во УШТ –Тетово, каде го предава предметот „Пијано“.

Има бројни активности со своите ученици по пијано. На учествата на државните и интернационалните  натпревари има добиено први, втори или трети награди.

Пијанистката Арјана Куриу-Груби има многубројни заеднички настапи со виолистот Блерим Груби во Република Македонија и во странство.

Блерим Груби е роден во Скопје, во 1965 година. Во родниот град ги придобива своите први музички познавања, а во 1989 година, на скопскиот Факултет за музичка уметност при Универзитетот Килрил и Методиј дипломира во класата на проф. Лубомир Господинов. На истиот факултет, под менторство на проф. Лубомир Господинов, ги завршува и последипломските студии. Има студиски престој во Италија во годините 1994 и 1995, во Академијата „Chigana“, во Сиена.

После завршените студии почнува со работа во Македонска Филхармонија.

Блерим Груби едновремено ја развива својата солистичка дејност и учествува во камерни состави. Има многубројни настапи на фестивали во блиските балкански земји, но и во Италија, Германија, Австрија, Шпанија, Португалија, Норвешка, Јапонија и САД

Актуално е професор на Државниот универзитет во Тетово и во Приштинскиот универзитет, солист е на Косовската филхармонија, гудачкото трио „Косова“, ансамбл „Бахус-Скопје“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top