Овој петок, на 12 октомври во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи симфонискиот концерт „Хармонија мунди“, кој ќе претстави атрактивен, уникатен видео-аудио перформанс. Под диригентската палка на маестро Емил Табаков, ќе бидат изведени фантастичните „Планети“ од Густав Холст, кои ќе доживеат и видео-анимација, дело на Милчо Узунов од „3Д“ студио.
Грандиозното дело на англискиот композитор, ќе биде изведено на сцената на Македонската филхармонија по подолга пауза, а за првпат доживува и видео придружба која ќе ги збогати сетилата. Во изведбата на „Планети“ учество ќе земе и хорот „ПроАрс“ подготвен од диригентот Сашо Татарчевски.
Солист на концертот „Хармонија мунди“ е врвниот македонски контрабасист Ѓорѓи Цинциевски, кој ќе го изведе Концертот за контрабас и оркестар од Емил Табаков, а оваа вечер ќе биде изведено уште едно негово мошне интересно и иновативно дело – „Астрална музика“.
Контрабасистот Ѓорѓи Цинциевски се образува на престижната висока музичка школа „Royal Northern College of Music“ во Манчестер, Велика Британија, а неговите солистички настапи се високо оценети од критиката која го опишува како „музичар со одлични технички способности, со карактеристичен личен музички израз и силна експресивност“.
По завршувањето на студиите во ДМБУЦ ,,Илија Николовски – Луј“ во Скопје, во класата на проф. Благој Маротов, истакнатиот македонски контрабасист Ѓорѓи Цинциевски во 2000 година продолжува да се образува на престижната висока музичка школа „Royal Northern College of Music“ во Манчестер, Велика Британија, во класата на проф. Јиржи Худец, со што се стекнува со диплома за завршени додипломски и постдипломски студии со одличен успех. Откако ќе ја добие најпрестижната солистичка диплома (Distinction in Professional Performance) што ја нуди оваа институција, диплома со која се стекнале само шест контрабасисти во историјата на отворањето на овој колеџ, Цинциевски станува асистент професор по контрабас. Досега соработувал со водечки светски музичари, меѓу кои и со Валериј Гергиев, Бернард Хајтинк, Курт Мазур, Фабио Луизи, сер Марк Елдер CBE, Даглас Бојд, Џанандреја Носеда, Василиј Синајски, Едо де Варт, Брајан Шембри, Јутака Садо, Пласидо Доминго, Ана Нетребко, Пјер-Анри Ксуреб, Дејан Богдановиќ, Николај Знајдер, Лоренс Рене, Вејн Маршал… и настапувал со некои од светски познатите оркестри како што се Филхармонијата на Би-би-си, Хале оркестарот, Радио-симфонискиот оркестар на Виена, Манчестер Камерата, Симфонискиот оркестар на Нортхерн…, а гостувал и на видни фестивали во светот. Покрај неговите работни обврски како водач на секцијата за контрабас во Малтешката филхармонија, Цинциевски е активен како солист и продолжува со образовната дејност. Досега одржал многубројни семинари, работилници и предавања во Велика Британија, Кина, Германија, Тајланд, Латвија, Куба, Сицилија, Полска и Малта. Уметнички директор е на Интернационалниот фестивал за контрабас во Малта, а од 2014 станува заштитен уметник – претставник на компанијата „Pirastro Strings“. Неговите солистички настапи се високо оценети од критиката која го опишува како музичар со одлични технички способности, со карактеристичен личен музички израз и силна експресивност. Неговата страст за пресоздавање исклучително вешти и сложени транскрипции за контрабас, пак, му дава интересна и нова димензија на неговиот уметнички живот. Со цел неговата истражувачка дејност да придонесе за уште поголем развој на светскиот репертоар за контрабас, Цинциевски е поканет од Универзитетот во Малта да ги посетува докторските студии кои се во тек. Неговата транскрипција на „Голдберг варијациите“ од Ј. С. Бах за виолина, виола и контрабас е прогласена за прва и единствена во светот, а наменета за овие инструменти, и ја има добиено наградата „Најдобра транскрипција“ на најпрестижното Европско биенале за контрабас (Double bass European Bienale) во Холандија, во 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст