| четврток, 6 декември 2018 |

Експерт за Балканот: Референдумот ја дестабилизира и поларизира Македонија

Кирил Дрезов, експерт за Балканот, посебно за Македонија и за Бугарија, како и професор по европска политика на универзитетот „Кил“ од Велика Британија, смета дека политиката на Западот ја поддржуваат сè помалку граѓани на Македонија, што ги става на испит и Западот, и европската интеграција.

Според него, Македонија се поларизира и се дестабилизира по референдумот за името.

„Македонија беше наведена кон тој договор со Грција без да постои никаков консензус во земјата. Грција исто така беше туркана во таа насока. Таму сосем јасно е дека нема мнозинство што го поддржува договорот. Европска унија ја игнорира уставната и правната ситуација и врз основа на малцинството што го поддржува договорот ја турка Македонија да го протурка договорот преку прекршување на Уставот. Ако се дојде до тоа без избори, а преку туркање и поткуп, овој договор ќе има многу ниска легитимност“, изјави Дрезов за бугарската агенција „Фокус“.

Тој очекува од Владата на Заев да се обидат да привлечат на своја страна пратеници од опозицијата, но тоа, според него, би било можно само ако гласањето за договорот со Грција биде тајно.

Преземено од Експрес.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top