| четврток, 6 декември 2018 |

Умерено облачно време со температури до 26 степени Целзиусови

Времето денеска ќе биде сончево со мала, а во западните делови умерена облачност, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 20 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската темптература ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Во недела и во понеделник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и појава на локален дожд, на места пороен, особено во западните делови од земјата. Потоа во наредните денови ќе продолжи периодот на умерено облачно и стабилно време со температури околу, а на некои места и над просекот за овој период од годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top