| четврток, 6 декември 2018 |

Октомври е месец на подигање на јавната свест за дислексија

Алберт Ајнштајн, Томас Едисон, Исак Њутон, Александар Грахам Бел, Стив Џобс, Бил Гејтс, Џон Ленон, Ернест Хемингвеј, Винстон Черчил, Том Круз, Селма Хајек се само дел од познати личности во историјата што имале дислексија и истата не влијаела негативно на нивниот личен успех.

Дислексијата е специфична состојба при која мозокот различно ги процесира пишаниот или говорениот јазик и создава потешкотии во читањето, пишувањето и генерално во учењето и покрај високата интелегенција, поголемиот дел од децата кои имаат дислексија се соочуваат со проблем да ги „декодираат“ односно читаат зборовите и да ги асоцираат со одредени звуци и комбинации од букви.

Октомври е месец на дислексијата, за таа цел Капитол мол во соработка со Здружението за дислексија Ајнштајн иницираа кампања со низа активности која има за цел да ја подигне јавната свест за оваа појава кај јавноста.

Учениците од основните училишта во општина Аеродром ќе имаат можност да учествуваат во ликовен конкурс на тема „Дислексијата е дарба“, а ќе бидат одржани и работилници зa родители и други заинтересирани лица на тема „Како да препознаете дислексијата и кои се предностите на истата“.

Од Здружението за дислексија Ајнштајн изјавуваат дека непрепознавањето на дислексијата навреме може да предизвика трајни последици, не само образовни, туку и психолошки, бидејќи децата од образовиот процес може да излезат неподготвени за предизвиците и со многу ниска самодоверба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top