Поранешната манекенка и старлета Александра Накова пред повеќе од три години стана мајка на Леа, а откако се оствари во оваа нова улога, се пресели во родната Гевгелија каде што живее со своите родители и малата наследничка.
„Реализирањето како мајка е најубавиот период во животот, но воопшто не е лесно да подготвиш еден неискусен и невин живот да се соочи со светот и со сето она што доаѓа. Сакам да ја научам да биде добра личност, да се бори за она што го сака, да биде фер со сите кои ја опкружуваат. Да го цени другарството, пријателите да не ги бира по изгледот, по облеката или по материјалните средства, да знае дека пријателствата доаѓаат во различни облици, величини, бои и мелодии. Материјалните средства не можат да купат среќа, но да бидеме искрени, не може ниту да и’ наштетат. Сакам моето дете да научи да биде благодарно на она што го има и да им помага на оние на кои им е потребна помош”, објасни Александра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст