Екипата на Вардар денеска забележа победа против Војводина со 33:26 (17:15) во петтото коло од регионалната СЕХА лига. Иако играше со ослабен состав, откако одмор добија голманот Милосављев, Мораеш и Борозан, ракометарите на Роберто Гарсија Парондо покажаа стабилна игра и победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање.
Кисељов со девет погодоци беше најефикасниот ракометар во Вардар, но и на теренот. Калифа Гебдан во своето деби на голот на Вардар запиша девет одбрани.
За екипата ова беше петта победа во регионалното натпреварување и останува на врвот на табелата со 15 бодови.
Следниот натпревар во СЕХА лигата, македонскиот тим го игра на 16 октомври на гости против ППД Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст