| четврток, 6 декември 2018 |

Лескот: Гвардиола ќе стане легенда како Фергусон

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Сити, Џулијан Лескот изјави дека менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола гради тимови за кои ќе се зборува како за оние на легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон.

– Гвардиола веќе остави белег во Премиер лигата со срушените рекорди и стилот на игра кој го претстави во Англија. Сепак, неговата легенда ќе се одреди од должината на престојот, а не бројот на освоени трофеи. Тој почна да гради историја во Манчестер Сити, која еден ден ќе се споредува со она што сер Алекс Фергусон го постигна во Манчестер Јунајтед, вели Лескот.

– Имаше голем притисок над Гвардиола кога тој пристигна и не ги оправда очекувањата во онаа прва сезона, но тој брзо сфати каде има потреба од подобрување и Сити започна да доминира како ниеден тим на Јунајтед претходно. Јас мислам дека тимовите на Пеп ќе бидат фаворити во наредните 10 години во Премиер лигата, додаде поранешниот дефанзивец на „граѓаните“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top