| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарчанец направил хаос: Нападнал полицаец, ја скршил вратата од својот дом и му се заканувал на татка си дека ќе го убие

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Ј. (38) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неизвршување на судска одлука”, и кривични дела „телесна повреда”, „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „загрозување на сигурноста”.

Во средата околу 06.30 часот во семејниот дом во Кавадарци, пријавениот физички го нападнал неговиот татко Б.Ј. (69). По ова, Основен суд Кавадарци за пријавениот било донесено судско решение за привремена мерка за заштита-отстранување од домот и забрана за приближување до домот.

Потоа, следниот ден во 01.30 часот пријавениот се вратил во неговиот дом и го нарушувал јавниот ред и мир. По пристигнување на полициските службеници, М.Ј. се заканувал на полициските службеници, а физички нападнал еден полициски службеник. Истиот ден во 18.30 часот, пријавениот повторно се вратил во неговиот дом, ја скршил влезната врата и влегол внатре.

Исто така, во четвртокот, пријавениот во два наврати телефонски упатил закани по животот на неговиот татко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top