| четврток, 6 декември 2018 |

Огнот брзо се шири кон шумата: Избувна пожар на отворено кај струмичкото село Костурино

На патот Струмица-Валандово, пред влезот во селото Костурино, попладнево избувна пожар на отворено. Според очевидци, зафатена е поголема површина со нискостеблеста површина, а огнот се шири со голема брзина кон шумата.

Од Територијалната противпожарна единица Струмица потврдија дека избувнал пожар во непосредна близина на селото Костурино од десната страна на патот.

Командирот на струмичките пожарникари, Александар Гудев информира дека две возила со осум пожарникари се упатиле на местото на пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top