Индицентот со 14-годишното девојче, кое било фрлено од четири соученици од прозорецот на училницата на приземје, се случил во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската населба Аеродром.
Случајот денеска во полиција го пријавил Е.Ц. (50). Инцидентот се случил во петокот во периодот од 10:30 до 11 часот за време на малиот одмор кога четирите соученици го фатиле девојчето за нозе и раце, го отвориле прозорецот од училницата и ја фрлиле на земја. Девојчето се здобило со телесни повреди.
Од МВР информираат дека родителите на малолетниците кои го извршиле нападот се повикани во полициска станица и се преземаат соодветните мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
Ова е втор инцидент во последните неколку дена во скопските училишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст