Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Друштвото на ликовни уметници, применети уметници и дизајнери на Србија и во соработка со НЛБ Банка од Скопје, го организираат првото меѓународно издание на изложбата „МиниАРТура“ која ќе се отвори во четврток 04.10.2018 година во 20:00 часот во Галерискиот простор на НЛБ Банка во Скопје. На изложбата учествуваат автори од Србија, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Автстарлија и други земји како и автори од Македонија членови на ДЛУМ.
За изложбата „МиниАРТура“ од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, по десетти пат ќе се додели наградата „ЗЛАТНА ЧЕТКА“, а од страна на НЛБ Банка по шести пат ќе се додели една откупна награда насловена „НЛБ-МИНИ АРТ“.
За овој вид на изложба, чии дела имаат мал формат, на која што според веќе усвоените пропозиции делата можат да бидат со максимални димензии 10х10 см, авторскиот концепт за оформување на делото најчесто претставува посебен мисловен процес, поради ограниченоста на димензиите и минуциозноста на ликовниот израз.
Духот на минијатурата се гледа преку компактноста на композицијата и способноста на уметникот да се изрази во ограничен формат.
Минијатурата не е прикажување на еден детал или исечок од една целина, таа е осмислен концепт во мал формат и представува хомогена и кохерентна целина на еден индивидуален приказ.
Авторите имаа можност без никакви ограничувања, самостојно да ги бираат медиумите во кои ќе ги изработат и прикажат своите дела, со што се нагласува автентичноста на нивната визија за „големината“ на минијатурата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст