| четврток, 6 декември 2018 |

Дел од општина Центар утре без вода

Без снабдување со вода утре од 9 часот ќе останат корисниците од улицата „Костурски херои“ до ТЦ „Буњаковец“ во општина Центар.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на булеварот „Партизански одреди“, пред Тутунска банка.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top