| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарецот Милосављев МВП за месец септември во СЕХА лигата

Српскиот голман кој оваа сезона пристигна во Вардар, Дејан Милосављев е избран за МВП за месец септември во СЕХА лигата.

Милосављев на стартот од сезоната прикажува фантастични настапи, како во СЕХА лигата, така и во Лигата на шампионите. Поради неговите одлични одбрани тој освои најмногу гласови на социјалните мрежи и слободно можеме да кажеме дека заслужено стигна до ваквото признание.

Во СЕХА лигата во месецот кој измина Вардар запиша победи против Железничар, Татран Прешов и Стеауа Букурешт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top