| четврток, 6 декември 2018 |

Гатузо: Силва беше решен да си оди, знаев дека не можам да го предомислам

Милан синоќа им се врати на победите откако го победи Сасуоло со уверливи 1-4 на тешкото гостување, но додека италијанската јавност големо внимание посвети на брилијантната партија која ја имаше Сусо, дел од новинарите го потсетија Џенаро Гатузо за еден импресивен податок кој пристигнува од Шпанија.

Португалскиот напаѓач Андре Силва импресионира со игрите во Севилја и по седум одиграни кола е најдобар стрелец во Ла Лига, па воопшто не чуди што во Шпанија се смета за големо откровение на стартот на сезоната. Тој летово токму од милан се пресели на позајмина во тимот од Андалузија, а Севилја може да го откупи напаѓачот по крајот на актуелната сезона за 35 милиони евра.

– Андре Силва не сакаше да остане, а јас кога го слушнав тоа, едноставно немав дилеми. Знаев дека не можам да го убедам да остане, не можев да му ветам 25 или 30 натпревари оваа сезона. Немав сомнеж дека е фантастичен напаѓач, но никој не го избрка Андре Силва од Милан, тој сакаше да си оди, посочи Рино на прес-конференцијата по победата над Сасуоло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top