| четврток, 6 декември 2018 |

Се бара оставка од Владата, народот се собира пред Собранието

Откако заврши гласањето на референдумот, пред Собранието на Македонија почна да се собира народ кој побара оставка од Владата.  Со делење на порции гравче, со пеење на македонски песни и истакнати македонски знамиња, неколку стотици граѓани побараа оставка и од Владата и од премиерот Зоран Заев. Велат дека на денешното изјаснување е јасно покажано што мисли народот за политиките на Владата.
На улицата пред македонскиот парламент веќе е поставена голема бина на која доминира транспарент „Бојкотирам – значи не гласам“, а на неа се поставени и државните знамиња на САД, Русија и Кина.

Насобраните граѓани, додека ги очекуваат и официјалните резултати од Државната изборна комисија, искажуваат видливо задоволство од неисполнувањето на потребниот цензус за да референдумот биде регуларен и успешен.
– Се радувам, како мало дете. И мене не ми се веруваше дека ќе собереме сили и храброст да го издржиме овој огромен притисок. Ама, се покажа дека македонскиот народ има црвени линии, ни рече еден од присутните лица на собирот.

Граѓани постојано пристигнуваат пред Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top