| четврток, 6 декември 2018 |

Хари за смртта на принцезата Дајана: Тие ја однесоа мајка ми во тунелот (видео)

Во документарецот за смртта на принцезата Дајана „Diana, 7 Days“ нејзиниот син, принцот Хари, проговори за папараците и призна дека нив ги смета за виновни за трагичната смрт на неговата мајка.

– Една од најтешките работи со кои треба да живеете е тоа што луѓето кои ја „турнаа“ во тој тунел се истите тие луѓе кои ја фотографираа и додека таа умираше во задниот дел од автомобилот – рекол Хари додавајќи дека Дајана имала тешки повреди на главата, но дека била жива на заедното седиште од автомобилот.

Смртта на мајка си, ја коментираше и постариот брат, принцот Вилијам.

– Кога ќе ти се случи нешто толку трауматично на 15 години, како смртта на мајка ти, што за жал многу го доживеале, тоа или ќе те направи посилен или ќе те скрши. Јас не сакав да дозволам тоа да ме скрши – зборува Вилијам во документарецот.

Принцезата Дајана загина во сообраќајна несреќа во тунелот Pont de l’Alma во Париз,, 2008 година. Имено, сообраќајката се случи додека таа бегаше од папараците кои ја прогонуваа, но судот го прогласи за виновен само нејзиниот возач кој бил под дејство на алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top