| четврток, 6 декември 2018 |

Дебакл на првиот ден од референдумското гласање – гласачките кутии останаа празни

Денешниот ден донесе слаба излезеност на оние кои денеска имаа можност да го остварат своето право на глас на референдумот на кој граѓаните на Македонија се изјаснуваат дали се за промена на уставното име. Споредувајќи ги бројот на гласачи во 2016 година и бројот на гласачи годинава, референдумското гласање доживеа тотален дебакл. Слаба излезеност имаше и кај македонската дијаспора, но и кај затворениците и болните и изнемоштени граѓани.

Најголема е разликата кај дијаспората – 17.200 граѓани гласале на изборите, но денеска не се појавиле на избирачките места. Кај болните и изнемоштени лица разликата е околу 6500 гласа.

2016 година:
Болни и изнемоштени 8.000
Дијаспора: 20.000
Затвореници: 2.000
Вкупно пријавени за гласање 30.000 од кои своето право на глас го искористиле 22.000

2018 година:
Болни и изнемоштени 1.500
Дијаспора: 2.800
Затвореници: 1.700
Вкупно пријавени за гласање 5.500 од кои своето право на глас го искористиле околу 3.000

Разликата на оние кои гласале во 2016 година и оние кои се изјасниле на референдумот е огромна, односно денеска се изјасниле само 13.7 отсто од оние кои го оствариле своето право на глас на изборите во 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top