Во поширокиот гостиварски регион започна референдумското изјаснување со гласањето на 13 болни и изнемоштени лица кои претходно беа пријавени во ОИК Гостивар. Во општините Врапчиште и Маврово-Ростуше немаше пријавни за денешното гласање.
На подрачјето на општина Гостивар, на утрешниот Референдум ќе се гласа на 121 избирачко место, а право на глас имаат вкупно 79.160 граѓани, кои се запишани во единствениот Избирачки список.
Во Маврово-Ростуше вупниот број на гласачи изнесува 9.672, кои правото на глас ќе го реализраат на 39 избирачки места.
На територијата на општина Врапчиште има 25.454 граѓани со право на глас и ќе гласаат на 39 избирачки места.
Од трите општинските изборни комисии потврдија дека се подготвени да го спроведат процесот на гласање утре, кое започнува во 7 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.