| четврток, 6 декември 2018 |

Од 1-ви октомври може да има парно

Балкан енерџи груп (БЕГ) ги повикува потрошувачите, куќните совети и управителите да проверат дали зградите се подготвени за грејната сезона и порачува дека само доколку се исполнети сите предуслови, топлинската енергија ќе може непречено да биде доставувана до сите потрошувачи.

– За да може грејната сезона да започне насекаде и навремено, неопходно е станарите да ги завршат проверките и интервенциите на внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Снабдување со топлина Балкан Енерџи. Исто така, Заедниците на сопственици на станови или управителите, за службените лица на компанијата треба да овозможат непречен пристап до топлинските станици во зградите и да обезбедат постојано напојување со електрична енергија, неопходна за нивно редовно функционирање – платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација, велат од БЕГ.

Само доколку сите овие предуслови бидат исполнети, ќе може непречено да биде доставена топлинската енергија до сите потрошувачи.

Согласно законските прописи, грејната сезона може да почне секој ден по 01.10 година, доколку временските услови тоа го наложуваат.

Снабдувањето со топлинска енергија на тарифните потрошувачи по правило се врши во периодот од 15 октомври во тековната, до 15 април во наредната календарска година. Снабдувањето со топлинска енергија на тарифните потрошувачи може да почне и пред 15 октомври, но не и пред 1 октомври, доколку во три последователни денови во периодот од 28 септември до 15 октомври, надворешната температура во 21:00 часот е 12 степени или пониска, според податоците од УХМР.

Од БЕГ велат дека во моментов во околу 190 објекти сè уште не се обезбедени бараните услови, односно имаат дефекти во внатрешна инсталација, оневозможен им е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици.

За информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи: http://beg-snabduvanje.com.mk/customers/pregled-i-veb-prijava-na-defekt/

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top