| четврток, 6 декември 2018 |

Во недела завршува пријавувањето за атлетската трка на 10 километри

Тимот на Сојуз на спортови на Град Скопје заедно со СОС Детско село успеаја да направат кампања која ги поттикна сите пријавени на овогодинешната 10 километарска трка, како и оние кои сакаа да ја покажат хуманоста, да се вклучат во единствениот настан од ваков тип до сега во Македонија, каде со купувањето километри се донира за СОС Детско село.

„Skopje Run 10K“ ќе се одржи во недела, 7-ми октомври 2018, на бул. Илинден во Скопје, со почеток од 09.00 часот. Големиот интерес за самата трка го надмина бројот на пријавени од минатата година. Поради истиот, организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават за трчање до недела, 30 септември 2018, затоа што во 23.59 часот, истиот ден, се затвора оваа можност.

Кампањата #СекојКилометарЗначи и можноста за купување хуманитарни километри онлајн ќе трае до денот на самата трка. Така, тие кои учествуваат, кои планираат да учествуваат и тие кои не се во можност да трчаат, сѐ уште може да бидат дел од оваа приказна.

За повеќе информации може да се посетат: http://www.sos.org.mk/, http://skopje.run/, https://www.facebook.com/SkopjeRun/, https://www.facebook.com/detskoselomkd/.

Skopje Run 10K и СОС Детско село реализираат еден голем предизвик со #СекојКилометарЗначи, кој не само што ги мотивира луѓето за здрав начин на живеење, туку и ја поставува патеката за идни вакви трки и хуманитарни настани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top