Синдикатот и референдумското прашање – ова е точка од дневниот ред од седницата на Претседателството на ССМ закажана за денеска. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, за кој имаше реакции дека е партиски поставен пред два дена закажал седница за денеска, на која референдумот го става како точка на дневен ред.
Членовите на ССМ реагираат. Велат ваквата одлука е спротивна на статутот на Сојузот на Синдикати на Македонија и обид да ги втурне работниците во партиско-референдумски води.
-Државно именуваниот и партиски поставениот „претседател“ на СДСМ-ССМ, Дарко Димовски без никаков срам и спротивно на сите начела и структури на дејствување на синдикатите низ светот, и спротивно на статутот на ССМ, прави скандалозен обид да ги втурне работниците во партиско-референдумски води. Постапувајќи по партиска директива, очигледно враќајќи долгови за извршената услуга кон СДСМ, референдумското прашање го поставува на седница на претседателството на СДСМ. Ова е уште еден скандал, покрај партиското делење на простории на ССМ на функционери на СДСМ, познат како случај Рагуза, за кој неодамна имаше натписи во медиумите во Македонија. Ваквото политизирање и партиски притисок се тотално спротивни на автономијата на синдикалното движење и претставува уште еден обид за тотална партизација на ССМ, спрведена од партиски поставениот Димовски – реагираат дел од членовите на Синдикатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст