Соосновачот на Ватс-Ап, Брајан Актон пред извесно време одлучи да го напушти „Фејсбук“, па сега за својот шеф Марк Закерберг, тој вели дека „не е лош човек, ама е дел од добар бизнис тим“.
Од самиот почеток на соработката, тие имале несогласувања. Според Актон, одговорните во Фејсбук сакале апликацијата Ватс-Ап да им покажува реклами на корисниците, а создавачите на програмата сакале да воведат посложено криптирање што ќе ги заштити личните податоци на луѓето. Поради сето тоа, во ноември 2017 години Актон решил да напушти.
– На крајот на краиштата, јас им ја продадов својата компанија ним. Ја продадов довербата на корисниците за големи приходи. Направив избор и компромис. Живеам со тој избор секој ден. Тимот на Закерберг претставува збир од бизнис практики, принципи, етика и политики, со кои јас не сум целосно согласен, изјави Актон.
Притоа, тој вели дека Марк е „доста загадочен и не може да се каже нешто интересно за него”.
Во март, Актон на Твитер напиша дека ја поддржува кампањата #DeleteFacebook (избриши го Фејсбук), по сознанието дека Фејсбук продава лични податоци од своите корисници за политички и комерцијални цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.