| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународна археолошка конференција „Меѓу Истокот и Западот. Стоби и градовите во римските провинции на Балканот“

Во винаријата „Стоби“ во Градско денеска ќе се одржи меѓународна археолошка конференција насловена „Меѓу Истокот и Западот. Стоби и градовите во римските провинции на Балканот“.

Националната установа „Стоби“ соопшти дека конференцијата ќе се одржи по повод одбележување на јубилејните 100 години од првите археолошки ископувања на Стоби и десет годишнината од формирањето на НУ „Стоби“.

Покрај домашните истражувачи, на конференцијата ќе учествуваат педесетина реномирани археолози од различни земји како САД, Австрија, Франција, Германија, Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

На настанот ќе се обратат м-р Роберт Алаѓозовски, национален координатор за развој на културата во Владата, Спасе Перовски, директор на НУ „Стоби“, академик Вера Битракова Грозданова, проф. д-р емеритус Џејмс Вајсман, д-р Силвана Блажевска и проф. д-р Каролин Снајвли.

На конфернецијата ќе биде промовирано и четвртото издание на обновениот зборник „Студии за старините во Стоби“, каде се презентирани резултати од археолошките истражувања на Стоби од 1970-та до 2012 година.

Меѓународната археолошка конференција ќе заврши во недела на 30 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top